Захарова: Повторуваме – задачите што ги поставивме во Украина ќе бидат исполнети

t

Русија е отворена за дипломатија, но охрабрувањето на Киев од страна на Вашингтон ги отежнува дипломатските напори за решавање на конфликтот, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Повторуваме уште еднаш, особено за американската страна – задачите што ги поставивме во Украина ќе бидат исполнети, напиша Захарова во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Таа додаде дека Русија е „отворена за дијалог“ и дека условите се „добро познати“.

Колку подолго Вашингтон го поттикнува воинственото расположение на Киев и охрабрува наместо да ги попречува терористичките активности на украинските саботери, ќе биде потешко да се бараат дипломатски решенија, нагласи Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…

На денешниот протест против насилството врз жените,…

НОВАТА ВЛАСТ ВО СРБИЈА Ѝ УДРИ ШАМАР…

Србија нема да учествува на самитот на…

ОЈО Крива Паланка постапува по напад врз…

Обвинителството во Крива Паланка почна да постапува…

Руска рафинерија гори веќе трет ден

Резервоарите за складирање во нафтената рафинерија во…

Мицкоски со јасна порака до ЕУ: Уставот…

Премиерот Христијан Мицкоски за медиумите пред почетокот…