Објавено на:

Захарова: Режимот во Киев е терористички!

t

Режимот во Киев е терористички, напиша на социјалните мрежи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на заменик министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар за нападите на мостот на Крим.


Таа ja цитираше Маљар: „273 дена откако првпат го нападнавме мостот на Крим со цел да ја нарушиме руската логистика“.
„Тоа е терористички режим. „Тие иницираа план за „самоспасување“, систематско оштетување на нуклеарната централа Запорожжја“, додаде Захарова.

Таа смета дека на самитот на НАТО треба да се обрне внимание на оваа тема, со оглед на тоа што мнозинството од членките на Алијансата ќе бидат во зоната на директен пораз.
Рано утрото на 8 октомври 2022 година, камион беше разнесен на мостот на Крим. Од експлозијата се запалиле седум цистерни со гориво на железничкиот воз, а двата автомобила од мостот делумно се урнале. Рускиот претседател Владимир Путин го нарече инцидентот терористички напад.


Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија соопшти дека организатор на терористичкиот напад била Главната управа на разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана. Според ФСБ, експлозивната направа била камуфлирана во ролни со градежна полиетиленска фолија на 22 палети со вкупна тежина од речиси 22,8 тони и испратена од пристаништето Одеса во бугарскиот град Русе на почетокот на август. ФСБ соопшти дека се приведени пет државјани на Русија и тројца државјани на Украина и Ерменија, кои учествувале во подготовката на злосторството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…