ЗАХАРОВА СЕ ЗАКАНИ: Русија ќе нападне британски цели доколку Украина употреби британско оружје!
Москва ќе одговори со удари врз британски цели доколку Украина го искористи британското оружје за удар врз руска територија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Британски цели на територијата на Украина и надвор од нејзините граници може да бидат погодени во такво сценарио – рече Захарова.
Таа го повтори предупредувањето на Москва, што беше издадено претходно овој месец, откако британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека Украина има право да користи британско оружје за да напаѓа цели во Русија.
Русија реагираше со огорченост на изјавата и ја наведе како една од причините поради кои одлучила да одржи вежби овој месец за симулирање на лансирање на тактичко нуклеарни ракети.
Марија Захарова изјави и дека Москва не гради воени сојузи или блокови, вклучително и со Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче и Заев се пазареле со…
Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата…
ЕУ го прекори Рама поради насилството на…
Европската Унија изрази сериозна загриженост поради ескалацијата…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА: Техеран…
Иран би можел да изврши директен превентивен…
НОН-ПЕЈПЕР НА АВСТРИЈА, ЧЕШКА И СЛОВАЧКА БАРА…
Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален…
Трамп повторно со територијални амбиции: Канада ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори…