Захарова со нови навреди: Земјите членки на НАТО се ментално болни
Русија се однесува нормално кон земјите-членки на НАТО, но сега тие се болни и „се опколија со бодликава жица“ и не треба да тропаат на нивните врати, изјави официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на семинарот за лидери на меѓународни клубови за пријателство.
Тие (западните земји) се затворија, се опколија со бодликава жица… Вака треба да се однесуваме кон тоа, да не тропаме на таа врата. Достоинството треба да се зачува. Не само во ова. Достоинството не е цел сама по себе. Треба да разберете дека оваа личност е болна“, истакна таа.
„Тие се ментално болни… Нека го преболат ова, нека почнат да закрепнуваат. Имаме нормален однос со нив, го задржуваме најдоброто што беше во нашата врска: не се потсмеваме со нивната култура, не ги укинуваме“, продолжи Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…