Зајкова: Ваучери за „Среќен почеток“ за секое прваче и секој средношколец, бесплатен оброк и екскурзии
Бесплатен оброк и едукативни екскурзии за сите ученици, парични ваучери за почетокот на учебната година ќе бидат приоритет во нашиот мандат бидејќи младите заслужуваат европско образование, рече Моника Зајкова, претседателка на Либерално-демократската партија и коносителка на Изборната единица 1 на промоцијата која се одржа денеска на Програмата за европска иднина и кандидатите пратеници за претстојните избори на Европската коалиција.
- Инспирирани од успешното имплементирање на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, а беше имплементиран по иницијативата на ЛДП, сметаме дека бесплатен оброк е потребен за сите ученици во основните и средните училишта. Воедно ја зголемува сумата на студентскиот оброк во висина од 20% од растот на минималната плата. Дополнително, се планира воведување на бесплатен јавен превоз за младите лица, од прво одделение сè до дипломирањето, додаде таа на промоцијата на Програмата за европска иднина, посочувајќи на низа мерки дизајнирани да ги подобрат условите и можностите за учениците и студентите во Македонија.
За подобрување на стандардот на учениците, Зајкова предлага ваучери под името „Среќен почеток”, во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец.
-Училишниот бонус од 3.000 денари ќе помогне на учениците да се опремат со неопходните училишни материјали и помагала, пред почетокот на училишната година. Исто така, коалицијата ќе овозможи бесплатни едукативни екскурзии за учениците, со цел подобро запознавање со културно-историското богатство на Македонија, запознавање на регионот, и Европската Унија. Ова вклучува патувања во петто и деветто одделение, како и за матурантите, рече Зајкова.
Укинувањето на студентските такси и отворањето на младински центри во секоја општина се дел од обемната стратегија на Коалицијата за поддршка на младите.
Според претседателката на ЛДП сигурноста и безбедноста во училиштата, исто така, се висок приоритет, а Зајкова најави и мерки за грижа на менталното здравје на младите, превенција и строги санкции за врсничкото насилство.
-Здрава младина и млади генерации со свој став, гласни и одлучни за своите права, се нашата цел,” додава Зајкова, потенцирајќи дека мора да обезбедиме иницијативи за поттикнување на претприемачкиот дух меѓу младите и да создаваме правна сигурност и силна економија каде што тие можат да имаат напредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, КОЈА НА СУДИЈАТА ЃОКО…
Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка…
ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА…
Европската Унија се откажала од идејата на…
(Видео) Пронајден и казнет возачот кој возеше…
По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“,…
Студентите во блокада предупредуваат на можни исценирани…
Студентите во блокада, кои победија на предвремените…
ЕВРОПА ПРЕД НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: Цената на…
Цената на природниот гас во Европа денеска,…