Зајкова: Македонија и Бугарија немаат нормален добрососедски дијалог
Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова оценуваа дека Македонија и Бугарија немаат нормален добрососедски дијалог туку дијалог на протест. Зајкова бара одговор за изјавата на бугарскиот премиер Румен Радев кој изјави дека одбива да се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.
-Тој и те како мора да се сретне. Во Договорот за добрососедство постои член кој вели дека највисоките владини органи да комуницираат и да произлегува одреден наапредок во процесите. Тука нашата дипломатија можеби треба да стави фокус и да алармира колку се почитува, а колку се прекршува Договорот – во случајот не од наша страна. Имаме што да разговараме, ако ги погледнете последните напади од двете страни. Можеби тука е клучното прашање на кое треба да работи македонската дипломатија. Не можеме тој наратив да дозволиме да биде пречка за напредок на државата. Македонија губи на дневна основаа од тоа што е заглавена во статус-квото, рече Зајкова во емисијатаа „Само интервју“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…