За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа за судовите

t

Албанскиот амбасадор во Скопје Денион Меидани го  повторил ставот на официјална Тирана за прашањето за албанскиот јазик, за кое се очекува одлука на Уставниот суд.

Меидани на социјалните мрежи напиша дека албанскиот јазик не е работа на судовите, затоа албанскиот идентитет не смее да се допре.

„Ги ценам вашите пораки на социјалните мрежи и одговорно ја следам ситуацијата. Сакам да повторам дека официјална Тирана јасно го искажа својот став од Палатата на бригадите, албанскиот јазик не е работа на судови и законски формулации“, напишал Меидани на социјалните мрежи, а пренесе МИА.

Тоа е всушност изјавата на премиерот Еди Рама кој меѓу другото од дебатата во Тирана,  организирана од фондацијата „Арбр Џафери” порача дека „албанскиот јазик во Северна Македонија не е прашање на Уставниот суд”.

„Кој има очи, чита. Кој има уши, слуша. Пораката е јасна и непроменлива, нашиот национален идентитет и симболи се неприкосновени“, посочил Меидани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…