За Александар Петличковски смртноста во Македонија од ковид е само 2%
На вчерашното рочиште за случајот против клиниката „Жан Митрев“ претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски изјави дека смртноста од ковид во Македонија била само 2%. На повторно поставеното прашање на одбраната на Жан Митрев, одговорот на Петличковски беше ист. Официјалните информации се дека Македонија е на петто место по смртност во свет – 56,1%, објави МКД.мк
Петличковски исто така изјави дека Комисијата за заразни болести дала препорака дека хемофилтрацијата не треба да се користи како рутинско лекување. Но, според податоците на одбраната, на седницата на Комисијата за заразни болести немало кворум. Петличковски рече дека состаноците често се одржувале преку електронска комуникација, дека опциите за овој заклучок биле дадени преку електронска порака. „Веројатно било дека не сме компетентни, дека е применлива, дека не е применлива, не се сеќавам точно. Не знам напамет“, изјави Петличковски и додаде дека некои членови биле против, но не знаеше точно колку биле против.
На сведочењето беше кажано дека во составот на комисијата што даваше препорака за употреба на хемофилтрацијата, ниту еден од членовите не е експерт и нема детални знаења за методот, кога и како се користи. Петличковски кажа дека според неговата професија тој речиси и да нема контакт со пациенти и никогаш не видел како се лечат пациентите во клиниката „Жан Митрев“.
Извор: МКД.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…