За брзо возење казнети 807 лица
Во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи.
Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Од утре врнежи од дожд, од недела…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Септемвриските пензии ќе се зголемат за три…
Ова значи дека конечниот износ, односно висината…
Станковиќ: Филипче не го претставува членството на…
Остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко…