Објавено на:

За влакно избегнат инцидент: Блиска средба на руски и полски авион над Црното Море

t

Авион на полската гранична служба, кој патролирал за граничната агенција на ЕУ Фронтекс, за влакно избегнал судир со руски борбен авион над Црното Море.

Инцидентот се случил на 7 мај, пишуваат полските медиуми.

Затоа Полска денеска го покани на разговор рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, изјави портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина.

Јасина на Твитер напиша дека Полска најостро го осудува, како што наведе, „провокативното и агресивно однесување на руската страна, што претставува сериозен меѓународен инцидент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…