За време на примирјето во Појасот Газа пристигнаа 248 камиони со хуманитарна помош
Агенцијата на Обединети нации за хуманитарна координација (ОЦХА) соопшти дека од стапувањето во сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пристигнале 248 камиони со хуманитарна помош.
Според ОЦХА 61 камиони со медицински материјали, храна и вода се доставени во северниот дел на палестинската енклава, а во болницата Ал Шифа доставени се 11 амбулантни возила и три автобуси.
Вчера на вториот ден од привременото примирје Хамас ослободи вкупно 17 заложници, од кои 13 Израелци и четворица Тајланѓани, додека Израел ослободија 39 палестински затвореници од кои шест жени и 33 деца до 19 години.
За денеска е најавено дека Хамас ќе ослободи уште 13 заложници.
Договорот за четиридневното примирје предвидува ослободување на најмалку 50 од вкупно околу 240 заложници на 150 Палестинци од израелските затвори. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…