За Вучиќ не е фер што сега има поголема плата од лани иако годинава работел три дена помалку
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека годинава работел три дена помалку од лани, иако сега има поголема плата и оцени дека тоа не било фер.
Тој за Радио телевизија Србија (РТС) изјави дека до Нова година „ќе се обиде да надополни еден работен ден“, пренесе Бета.
– Работев понапорно минатата година. Ќе се принудам да работам многу повеќе, да се борам многу посилно и да го протуркам тој Експо (2027) – рече Вучиќ.
На прашањето што мисли за апелот на Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк, кој побара од властите во Белград итно да преземат ефективни чекори за да се осигура безбедноста на новинарите кои известуваат од протестите во Србија, Вучиќ рече дека тој потег го гледа како вршење притисок врз слободните земји.
Според него, таа невладина организација е финансирана од американската влада и тие не се објективни бидејќи не ги осудија нападите врз новинарите на Информер бидејќи не ги застапуваат американските интереси.
Тој додаде дека се надева оти ќе биде подобро кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…