За два дена прва седница на работната група за уставните измени

t

Членовите на партиско-експертската група за уставните измени за првпат ќе се состанат задутре.

Прва задача ќе им биде да ја утврдат методологијата на работа, да изберат претседател и заменик, по што и официјално ќе започнат со изготвување на уставните амандмани. Дел од експертите кои ќе работат на нивна подготовка за Канал 5 велат оти очекуваат работното тело да поттикне поширока стручна јавна дебата, да обезбеди општествен консензус и поголем легитимитет на целиот процес и дека тој ќе биде целосно демократски и транспарентен.

Според професорот по уставно право Јетон Шасивари, експетскиот тим го очекува интензивна и плодна дебата, а најголемата придобивка од измените е што конечно ќе се обезбеди етничко разграничување помеѓу Македонците и Бугарите. Колку време ќе им биде потребно за подготовка на амандамните вели ќе зависи од динамиката на работа.

Универзитетската професорка Ана Чупеска вели дека нивната здача ќе биде да ги разгледаат сугерираните измени во Преамбулата на Уставот, со цел да бидат соодветно содржани препораките од преговарачката рамка од ЕУ согласно копенхашките критериуми. Додава дека работното тело е доволно стручно и компетентно за задачата која им претстоии, наспроти тврдењата на дел од политичарите.

Работното тело ќе брои 23 членови – десет партиски преставници, десет ескепрти и по еден представник од МНР, СЕП и Претседателскиот кабинет. Засега ќе стартува со работа со партиски претставници само од владината коалиција, откако ниту една од опозициските партии не делигираше свои претставници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре задолжителна зимска опрема за сите…

Од утре, 15 ноември, стапува во сила…

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…