За две години односите меѓу Косово и Израел се унапредени на сите нивоа
Претставничката на Косово во амбасадата во Израел, Инес Демири, потсети дека поминаа две години откако Косово отвори амбасада во таа земја.
Таа на Твитер напиша дека во изминатите две години односите меѓу Косово и Израел се подобрени на сите нивоа.
„Денеска ја одбележуваме втората годишнина од отворањето на нашата амбасада во Ерусалим. И покрај раната фаза на дипломатските односи, тоа беа исклучителни две години за подобрување на односите меѓу Косово и Израел на сите нивоа. Претстои многу повеќе во наредните години“, рече Демири.
Таа додаде и дека репрезентацијата на Косово на 25 март ќе се сретне со селекцијата на Израел во Тел Авив во рамките на квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…
Израел го затвора британскиот конзулат во Источен…
Израел денеска соопшти дека ќе го затвори…