За две години 170.000 домаќинства ќе имаат струја од обновливи извори, вели директорот на Агенцијата за енергетика
Македонија во последниот период докажа дека има капацитет и знаење да спроведе квалитетна енергетска транзиција, одговори директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски на прашањето – до каде е спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност и кој е степенот на искористување на обновливите извори на енергија како дел од преземените обврски од Енергетската заедница.
– Владата за само три години, во време на ковид и на енергетска криза, има реализирано над 40 отсто од таргетот што треба да го достигнеме до 2040 година, согласно Стратегијата за енергетика 2019-2040, со што ја потврдуваме нашата одлика како народ – кога е најтешко, испорачуваме најдобри резултати. Ако ги редефинираме овие проценти во бенефит за граѓаните, тогаш можеме да кажеме дека со новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува околу 170 илјади домаќинства со струја од обновливи извори на енергија. Не за џабе не нарекоа ѕвезда во енергетска транзиција – вели Николовски.
Енергетска траекторија на транзиција наместо струја од јаглен, струја од Сонце е водилка на стратегијата, вели Николовски.
– Ние се идентификуваме со сонцето кое е и наш државен симбол. Денес ние сме знаменосци на енергетската транзиција. Сонцето е носител на државниот енергетска суверенитет – додаде Николовски.
Според Николовски, ова придонесе да имаме стабилни цени на енергенсите и да се врати дневната евтина тарифа на електричната енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…