За една ноќ приведени се 107 лица во Србија
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа извршија проверки на идентитетот на вкупно 1.130 лица, додека 107 лица беа донесени во службените простории, соопшти денес МВР, наведувајќи дека двајца учесници во блокадите во Зрењанин се полесно повредени.
Според полицијата, за време на собирот синоќа, двајца учесници во блокадата во Зрењанин се полесно повредени кога лице кое управувало возило кое не учествувало во собирот се обидело да помине низ блокираната раскрсница. Нема повредени полицајци, се додава во соопштението.
Од 107 лица донесени синоќа во службените простории на полицијата, 106 се донесени поради сторени прекршоци, а едно лице поради постоење основи на сомнение дека ги прекршиле одредбите од Кривичниот законик и сториле кривично дело со своите постапки. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на некои места се регистрирани спорадични инциденти, при што полицијата постапувала согласно законот. Инциденти се регистрирани во Белград и Зрењанин, каде што одреден број лица со своето однесување ја загрозиле безбедноста на учесниците на собирот. Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од какви било нелегални активности и да не го блокираат сообраќајот, особено не на начин што може да ја загрози нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…