За здравје и среќа: Зошто според традицијата го украсуваме домот со бадниково гранче?

t

Домот за Бадник традиционално се украсува со бадниково гранче, кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Бадниковото гранче е од дабово дрво, кое се смета за најиздржливо и за највековито. За разлика од другите листопадни дрвја на почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат боја, но се задржуваат на гранките и во текот на зимата.

Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните преданија велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите луѓе што живеат во тој дом.

Според преданијата, праведниот Јосиф токму со ова дрво запалил оган за да ги стопли Исус и неговата мајка Марија.

Дабовото дрво за свето дрво го сметале и старите македонски племиња. Овие дрвја обично се меѓу највековитите, поради што нивното стебло добива на масивност. Честопати стеблата се расцепуваат, формирајќи еден вид мали „простории“, кои луѓето во минатото ги користеле како места за преспивање и заштита од дивите животни. Отворените стебла често наликуваат и на пештери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верувања за Бадник – ништо не треба…

Веселите, распеани коледарчиња го најавуваат бадниковото утро.…

Пред Соборниот храм во Скопје традиционална прослава…

Во организација на Одборот за традиционална прослава…

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре…

Православните христијански верници во земјава утре го…

Денес е Бадник според грегоријанскиот календар –…

Римокатоличката црква, протестантските и англиканските цркви, како…

Неколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки…

Неколку илјади деца во повеќе градови денеска…