За Илинден Мицкоски во Скопје, Сиљановска-Давкова во Крушево, Бендевска во Пелинце

t

Државниот врв и оваа година ќе го одбележи националниот празник Илинден на различни локации, следејќи ја долгогодишната традиција за чествување на двата Илиндена – Крушевскиот и АСНОМ-скиот.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје, каде ќе положи свежо цвеќе и ќе има свое обраќање по повод празникот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе присуствува на централната манифестација во Крушево, на Мечкин Камен – симболот на Крушевската Република и илинденското востание од 1903 година.

Спикерот Африм Гаши најверојатно нема да присуствува на ниту една од државните манифестации поради здравствени причини, па поради тоа собраниската делегација ќе ја предводи потпретседателката на Собранието, Соња Бендевска која ќе положи цвеќе на Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…