Објавено на:

За Ковид-тестови во приватните лаборатории граѓаните платиле 19,9 милиони евра

t

Главиот државен ревизор, Максим Ацевски во гостување во Топ Тема на Телма ТВ рече дека Државниот завод за ревизија утврдил дека за време на пандемијата граѓаните платиле дури 19,9 милиони евра за ковид тестирања во приватните лаборатории.

– Ние како Државен завод за ревиизја обелоденивме состојби коишто се многу интересни во делот на она што значи колку одредени приватни здравствени установи оствариле промет. Земајќи го бројот на извршените тестирања за Ковид-19, применувајќи ја најиската цена на еден тест констатиравме дека од граѓаните се одлеале 19,9 милиони евра. Дали во даден момент во услови на криза државата требало да донесе одредена цена со која ќе ја фиксира услугата за тестирање од Ковид-19, останува јавноста и државните органи да си утврдат дали имало потреба од постапување, рече Ацевски.

Ацевски исто така упати и критика до институциите дека ги занемаруваат нивните препораки и укажувања, посочувајќи го како пример извештајот кој го изготвиле пред 10 години за подготвеноста на државата да се справи со евентуална пандемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…