За комитите од ДПМНЕ Илирида не е спорна? Изгласаа славење на 10-годишнина од основањето на ансамблот „ИЛИРИДА„!

t

На денешната собраниска седница, владејачкото мнозинство си ја изгласа Програмата за одбележување јубилејни настани, меѓу кое е и 10 години од основањето на Ансамблот ,,ИЛИРИДА”! – соопшти на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Откако пратеникот Хактан проблематизираше дека здружение кое дефакто промовира сепаратизам не треба ни да постои (камоли да му одбележуваме јубилеј) – пратениците од ДПМНЕ искажаа такви небулози, што навистина не знам дали толку појма немаат од историја или не знаат како да си ги одбранат коленичењето пред ВРЕДИ.

Како вмровските пратеници да не се запознаени дека во 1992 година се одржа референдум под платформата ИЛИРИДА, организиран од тогашните албански партии, кои го бојкотираа референдумот во 1991 г. Организаторите на референдумот бараа промена на Уставот, каде ќе се инкорпорира албанската автономија, Автономна Република Илирида. Исто така, беше предложен додатен дел на уставот, со наслов: АВТОНОМНА РЕПУБЛИКА ИЛИРИДА, која беше одредена како автономна политичка територијална и демократска заедница.

Односно, движењето ИЛИРИДА предвидува формирање на БИНАЦИОНАЛНА држава со две федерални единици, албанска и македонска. И замислете, за комитите од ВМРО, Илирида воопшто не е спорна!

Мој совет до вмровските пратеници е повеќе да читаат историја, за да не завршат повторно на погрешната страна (како во Втора светска војна).

П.С. Во прилог слика од референдумското прашање за Илирида: ,,Дали сте за политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија.” – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…