За малку не го добивм Солун: Голема Југославија била поголема него што сте мислеле – од Истанбул до Клагенфурт

t

Некои историчари сметаат дека Тито сакал уште поголема, помоќна Југославија, која би била не само регионална, туку и светска сила. Нешто налик на Византија, голема балканска социјалистичка унија која ќе може да „се носи“ со остатокот од Европа. Идејата на Тито лани ја потврди историчарката Сабрина Рамет, која изјави дека требало да влезат и Егејска Македонија, Албанија, Бугарија, дел од Романија, под името Влашка (на границата со Бугарија) во која влегува и Букурешт, пишува Експрес24сата.

Погледнете ја мапата од нејзината студија:

Мапата била поддржувана и од многу десничари, односно монархисти и републиканци, а потекнува уште од првата Југославија во 1918 година. На пример, националистите од Словенија сакале делови од Италија, провинциите Фриули и Џулија, како и австриската Корушка. Историчарката Сабина се осврнува и на изјавата на политичарот Светозар Прибќевиќ дека Југославија треба да се протега „од Соча до Солун“, а интересно е што на исток земјата би го опфаќала и денешен Истанбул во посебна автономна единица наречена Тракија која би била дел од Бугарија.

За големата идеја согласност Бугарите дале уште во 1934 година. Движењето „Звано“ ја поддржало идејата Бугарија и Албанија да станат дел од тогашната СХС, во една заедничка држава на Јужните Словени. Идејата се задржала и во текот на Втората Светска Војна, а неа ја подрржувале и Британците бидејќи се плашеле дека Бугарите ќе се приклучат на оската на Хитлер.

Војната поминала, а Југославија била победник, па Тито побарал приклучување на Трст и цела Корушка кон Словенија, додека Солун и Егејот останале под Грција поради присуството на британските војски и одлуките на Јалта. Но, ни Корушка не ја добил.

– Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што моравме привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ќе се бориме за неа – изјавил тогаш Јосип Броз.

По граѓанската војна во Грција, конечно победиле монархистите и отпаднале плановите за присоединување на Егејот. Што се однесува до приклучувањето на Бугарија Тито и Димитров го имале потпишан Бледскиот Договор. Но, за некои нешта решаваат големите сили, односно Сталин, Рузвелт и Черчил.

Авторот на необичната карта посочува дека во „паралелен универзум“ кога барем делумно би успеала комунистичката револуција во Грција, која би одвоила некои делови од земјата и би се приклучила на Југославија. Истото важи и за Влашка, поранешно кнежество и денес историска провинција на Романија. Инаку, остатокот од Романија на мапата е поделен меѓу Унгарија и денешна Молдавија.

Доколку случајно се случеше ова неверојатно сценарио, Југославија ќе се протегаше, како што стои во текстот, од Клагенфурт до Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помошник на поранешниот претседател Реган: Бомбардирањето на…

Соединетите Американски Држави направија шест грешки кои…

(Видео) Југославија беше држава со вредности, видете…

Зошто ни се враќа југоносталгијата? Затоа што…

Германскиот канцелар ја спореди војната во Украина…

Олаф Шолц привлече многу внимание во Германија…

Југословенски компании ги изградија браните што ја…

Две брани над градот Дарна во источна…

Најголемата мистерија во Југославија: Исчезнаа 20.000 бебиња,…

Во словенечкиот Нови Место минатиот викенд се…