За минималната плата од 18.000 денари втор ден расправа во Собранието – Еве што се зборуваше
Собранието попладнево ја продолжи расправата по Предлог-измените на законот за минимална плата со кои минималецот треба да се зголеми на 18.000 денари.
И на вториот ден од расправата, пратениците од парламентарното мнозинство и од опозицијата со спротиставени ставови.
За парламентарното мнозинство добро е тоа што се предлага зголемување на минималната плата со што ќе се подобри животниот стандард на околу 80.000 работници, а како позитивен чекор го оценуваат и менувањето на методологијата за усогласување на минималната плата. За опозицијата, пак, минималната плата од 18.000 денари е предвреме потрошена поради инфлацијата, а доколку не се земе предвид коефициентот на сложеност на работа, ќе има ситуации во кои вработени на различни работни позиции ќе земаат приближно иста плата.
Од Алијанса на Албанците најавија дека ќе дадат поддршка на законот за да им се помогне на оние работници кои земаат минималец, иако сметаат дека понуденото законско решение не е најдобро.
Предлог-законското решение уследи по договорот постигнат на 7 февруари на седница на Економско-социјалниот совет. Барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата како егзистенцијална потреба на работниците беше разгледано на неколку седници на Економско-социјалниот совет. Зголемувањето на минималната плата од сегашните 15.200 денари на 18.000 денари ќе биде потпомогнато од страна на државата која од Буџетот до крајот на годината ќе одвои 16 милиони евра за покривање на разликата во придонесите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…