За Мицкоски нема пречка Меџити да продолжи да министерува и покрај кандидатурата за градоначалник

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.

-Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ова не е првпат функционери да се кандидираат додека се на јавна функција.

Според премиерот, вакви случаи биле честа пракса и во минатото, и дека нема причина да се очекуваат нарушувања во работењето на институциите.

„Сето она што претставува нормално функционирање на институциите ќе продолжи во таа насока“, додаде тој

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…

Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…

Германија ја обвини Русија за нападот со…

Германија официјално ја обвини Русија за организирање…

Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…

Триесет и петгодишен маж од скопско е…

„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…

Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…