За многу години: Верниците од исламска вероисповед денеска го празнуваат Курбан Бајрам

t

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод празникот Курбан бајрам.

Тој во честитката вели дека овој празник го прави верникот свесен да ги оттурне од себе омразата, љубомората, агресивноста, потценувањето, дискриминацијата и поделбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…

Во времето на царот Декиј имаше големо…

Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…

Денес се празнува Откривање и пренос на…

Кога злите Евреи го убија со камења…

Во прегратката на Богородичната Градина – првото…

Со особена трогнатост, духовна радост и благодарност…