За НАТО се обединивме сите, вели Ковачевскии

t

„Одлуката за членство во НАТО ги проби бариерите на партиите, религиите и народите и не обедини сите. Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за ЕУ“ рече меѓудругото премиерот Димитар Ковачевски на централната свеченост во касарната „Илинден“ по повод тригодишнината од членството во НАТО.

„Оваа годишнина не е само сеќавање на моментот кога македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, туку и момент во кој престанавме да бидеме точка на дневен ред во безбедноста и станавме дел од масата која го создава дневниот ред за светската безбедност“, рече премиерот Ковачевски.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска смета дека целта не им била само да ја внесат Армијата во НАТО, туку и НАТО во Армијата.

„Нашата земја ќе го достигне НАТО критериумот од два процента од БДП алоциран за одбраната веќе следната година, а вториот критериум за опремување и модернизација веќе го надминавме, бидејќи годинава 33 проценти од Буџетот е наменет токму за опремување“, порача Петровска.

На 27 март 2020 година, Република Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…