За несреќата на „Беса транс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово ќе се расправа во Собранието
Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Република Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, се на дневен ред на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.
Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Република С. Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…