ЗА ОВАА ВЛАСТ „СРПСКИОТ СВЕТ“ НЕ Е ТУЃ: Пендаровски вели дека Заев направил исчекор во меѓуетничките односи

t

Претходната владејачка структура направи исчекор во меѓуетничките односи, додека оваа структура дава знаци за „српски свет“, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ.

„Структурата која во 2016, односно 2017 година дојде на власт, на чело со Заев, со сите маани кои може да му ги препишете на тој човек, во делот на меѓуетничките односи направи крупен исчекор. Тоа може да го негира само некој кој има личен анимозитет кон него или кон луѓето кои соработуваа со него. Додека, сега оваа политичка структура, која е последнава година на власт, дава очигледни знаци дека тој т.н. „српски свет“, или пошироко, „руски свет“, јас би го нарекол дури и регионално „унгарски свет“, воопшто не им е туѓ“, вели Пендаровски.

Поранешниот претседател вели дека додека се зборува за специјални економски односи со унгарскиот премиер Виктор Орбан, не може да се зборува за европски вредности и позиционирање на Македонија кон Европската Унија.

„Зборуваат за заеднички економски регион со Србија и Унгарија. Зборуваат за форсирање на коридорот 10, кој е поприлично изграден, а не зборуваат за коридорот 8, кој не врзува со две членки на НАТО. Матрицата на денешната влада, секогаш била антизападна“, посочи Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗА ОВАА ВЛАСТ „СРПСКИОТ СВЕТ“ НЕ Е…

Претходната владејачка структура направи исчекор во меѓуетничките…

Испразнетите училишта да станат домови за стари…

Околу 100-на училишта се веќе затворени во…

Светот се соочува со демографски колапс –…

сториски ниски стапки на плодност загрозуваат десетици…

ЦУК: Седум активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека…

Поради напад со дронови беа затворени аеродромите…

Поради голем напад со украински беспилотни летала…