Испразнетите училишта да станат домови за стари лица?

t

Околу 100-на училишта се веќе затворени во 20 општини во Македонија. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интервју за РСЕ на прашањето колку училишта ќе бидат затворени со оптимизацијата и дали е направено анализа, во колку училишта има малку деца? Одговорот е со совет до градоначалниците да ги пренаменат училиштата старски дом или можеби во некакови клубови.

Затворање на училишта е пресериозен аларм за самата држава и за креаторите на политиките, вели просветниот инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски. Според него,изјавата на министерката за затварање на училишта и нивна пренамена е избрзана. Илиевски вели дека министерката треба преку соодветни анализи, факти и аргументи да пристапи кон таква идеја и да даде објаснување на јавноста посебно на најзасегнатите а тоа се просветните работници што со нивниот статус кога веќе се тргнало кон затворање на училишта.

Министерката Јаневска смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовни асистенти, затоа што потребите во училиштата, се, како што вели, променливи.

Возврати Илиевски дека со таквата изјава веќе предизвика сериозни реакции кои се во насока на демотивација на кадарот кој е најпотребен за најмладите потсетувајќи на Конвенцијата за правата на децата.

Дел од реакциите на родителите на социјалните мрежи се дека квалитетни образовни асистенти ќе останат без работа со тоа и дека нивните деца кои имаат потреба од асистенција ќе останат без најпотребната помош од своите асистенти.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Oбвинувањата за вмешаност на РУСИЈА во…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Влада: Акцијата против осомничениот за поткуп е…

По информацијата дека е уапсен шоферот на…

Како успеал да стане од маса: Лишено…

На 6 септември 2026 година, во 00:30…

Џоко никогаш нема да биде заборавен: Откриена…

Во Струмица вчеравечер беше откриена биста на…

(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“…

Додека директорот на Дирекцијата за заштита и…