ЗА ОВАА ВЛАСТ „СРПСКИОТ СВЕТ“ НЕ Е ТУЃ: Пендаровски вели дека Заев направил исчекор во меѓуетничките односи
Претходната владејачка структура направи исчекор во меѓуетничките односи, додека оваа структура дава знаци за „српски свет“, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ.
„Структурата која во 2016, односно 2017 година дојде на власт, на чело со Заев, со сите маани кои може да му ги препишете на тој човек, во делот на меѓуетничките односи направи крупен исчекор. Тоа може да го негира само некој кој има личен анимозитет кон него или кон луѓето кои соработуваа со него. Додека, сега оваа политичка структура, која е последнава година на власт, дава очигледни знаци дека тој т.н. „српски свет“, или пошироко, „руски свет“, јас би го нарекол дури и регионално „унгарски свет“, воопшто не им е туѓ“, вели Пендаровски.
Поранешниот претседател вели дека додека се зборува за специјални економски односи со унгарскиот премиер Виктор Орбан, не може да се зборува за европски вредности и позиционирање на Македонија кон Европската Унија.
„Зборуваат за заеднички економски регион со Србија и Унгарија. Зборуваат за форсирање на коридорот 10, кој е поприлично изграден, а не зборуваат за коридорот 8, кој не врзува со две членки на НАТО. Матрицата на денешната влада, секогаш била антизападна“, посочи Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…