За партијата која ја “спасува” историјата татковината вреди 1 евро за метар квадратен!

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук сподели објава на Александар Симонов, кој вели дека за локалната власт во Охрид татковината чини 1 евро за метар квадратен!.

Во продолжение објавата на Симонов:

– Советската автомобилска индустрија создава нов бренд, првиот автомобил излегува од погон, и секако на преглед кај главниот. Стаљин го гледа автомобилот, све убаво и го прашува инженерот:

– ,,Интересно, а како се вика овој автомобил?”

– ,,Родина”! (превод татковина) извикал гордо инженерот.

Стаљин го спушта лулето, погледнува во инженерот и го прашува:

– ,,Па, колку чини татковината?”, – Овој наведнал глава и не одговорил ништо.

Денес во Охрид, партијата која се ,,бори” за македонските национални интереси и ја ,,спасува” историјата од внатрешен и надворешен непријател, во градот со огромно историско значење, каде што практикува локална власт, одлучи да продаде археолошки локалитет за 1 евро квадрат!

За разлика од Советскиот инженер, кој не можел да одговори ,,колку чини татковината?”, – овие ќе можат. Ним татковината им чини 1 евро за метар квадратен!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…