За пет дена уапсени 22 лица – Сообраќајците „косат“ на терен

t

Од почетокот на месец октомври полцијата изрече 2.267 сообраќајни прекршоци, а лишени од слобода се 22 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Во периодот од 1. до 5. октомври годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.267 издадени платни налози, 514 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираа од полицијата. 

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 22 лица, од кои 18 за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 605 прекршоци за неправилно паркирање, 258 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 73 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 32 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и тројца пешаци и 26 возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 111 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 73 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 29 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 30 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потсетуваат од МВР. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…

Нова пратка со зеленчук од Македонија е…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила

Жена од струшкото село Октиси е пријавена…

Цената на нафтата падна по најавата на…

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…

Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите…