Објавено на:

За праведна енергетска транзиција потребни се домашни ресурси со кои ќе влијаеме на цените на струјата

t

„Верувам дека оваа година производството на електрична енергија ќе се стабилизира и ќе биде далеку повисоко отколку што беше во изминатиот период, бидејќи тоа е многу важно затоа што ако сакаме да зборуваме за праведна транзиција треба пред сè да имаме домашни ресурси за да влијаеме на цените на електричната енергија“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

На тркалезната маса „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“ што се одржа денеска во Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Бислимовски истакна дека во последниов период, енергетиката како никогаш до сега го привлече целосно внимание на јавноста, имајќи го предвид постојаниот пораст на цените на електричната енергија, природниот гас и нафтата на берзите.

„Ако до пред некоја година енергетската транзиција беше еко-престижот кон кој се стреми секоја земја, денес во време во кое секоја држава во борба за поевтин киловат час повторно ги вклучува сите расположливи капацитети што ги има, вистинското прашање е како да се постигне поголема енергетска независност, што ќе ги заштити и граѓаните и нивниот стандард“ истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Според Бислимовски, факт е дека ние како држава имаме проблеми со домашното производство на електрична енергија, која што е во постојан пад и ја отежнува целокупната ситуација. Како нешто што особено треба да се преземе во следниот период, тој ја посочи обврската на ЕСМ до крајот на годината да ги обезбеди потребите на домаќинствата 100 проценти, бидејќи, според него, тоа е најдобар начин веќепостоечката енергетска сиромаштија да ја одржиме на некое задоволително ниво.

Заменик министер за труд и социјална политика Енвер Хусејин, на настанот сподели повеќе социјални мерки кои се носат за намалување на енергетската сиромаштија во државава при што ја посочи и одлуката за определување на највисоки цени на основни прехранбени продукти на трговија на големо и трговија на мало, со што, како што рече, практично се спречи понатамошното зголемување на цените на овие производи.

На тркалезната маса учествуваат повеќе експерти од областа кои ги споделија своите мислења и перпораки во врска со праведна енергетска транзиција која овозможува одржлив раст и развој.

Настанот има за цел да промовира дијалог помеѓу сите засегнати страни на теми од релевантно значење за иднината на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија, а притоа да даде осврт на социјалните и економските аспекти од енергетската транзицијата, кои се од огромна важност во период на економска, енергетска и безбедносна криза во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…