За прв пат во историјата: Ниту еден лидер на политичка партија не присуствуваше на гробот на Делчев

t

За прв пат во историјата на независна Република Македонија ниту еден лидер на политичка партија на присуствуваше на гробот на апостолот на македонската борба, Гоце Делчев.

Имено денеска, 4 мај Македонија се одбележуваше годишнина од смртта на Делчев кој пред 119 години во заседа е застрелан и убиен во селото Баница.

Сепак оваа годишнина од смртта на Делчев не беше доволно важна за ниту еден лидер на политичките партии во Македонија да се поклони пред неговиот гроб во црквата Св. Спас.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утринава беше во општина Карбинци каде заедно со градоначалникот на општината, Виктор Паунов извршија увид на градежни активности во индустриската зона – Таринци.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посетија новата браната „Конско“, којашто е во фаза на изградба.

Ниту претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска не најде простор да се поклони пред гробот на Делчев.

Владата како и најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ испратија само свои делегации во црвката Св. Спас.

Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. По убиството, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917-та година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923-та година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11-ти октомври 1946-та година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Годинава се одбележуваат и 150 години од раѓањето на визионерот кој пред повеќе од еден век истакна дека не постои ниту еден друг народ кој повеќе страдал од предавници како македонскиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каевски: Зошто бодигардот на Мицкоски не се…

„Апсолутно не постои човек во државата што…

Експлозија во хидроелектрана во Италија: Има повредени…

Најмалку четири лица се тешко повредени, а…

Бајден: Пристапот на Нетанјаху во Газа е…

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон…

Автобусите денеска ќе сообраќаат по неделен возен…

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска…

Денеска се празнува Преподобниот маченик Евстратиј Печерски

Беше многу богат, но заради љубовта Христова…