За предизвикување на пожари уапсен маж од Радовишко
Полицијата вчера го лишила од слобода С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч. Тој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун.
Како што соопшти МВР, С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.
Тој признал дека на 31 јули и на 1 август годинава на место викано „Градска депонија“ во Радовиш, предизвикал пожар во кој била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување на куќа.
По целосно документирање на случаите, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…
ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…