Објавено на:

За Русија не е интерес ниту Македонија, ниту земјите од регионот да се интегрираат во ЕУ

t

Во поткастот „Политиканти“ министерката за одбрана, Славјанка Петровска.изјави дека европската агенда треба да се интензивира. Рече дека како Влада се посветени на тоа. 

За руското влијание во државата, Петровска кажа дека тоа постои, дека државата се бори против него, но и дека очекува во пресрет на изборите истото да се засили со цел да се закочи процесот на интеграција на државата во ЕУ, затоа што и од претставници на Москва, интеграцијата на Македонија, но и на други земји од регионот во ЕУ се гледа и како безбедносно прашање од руската држава.

„Јас во јавноста сум препознаена како човек кој има прилично тврди ставови во однос на Русија и јас тоа не го зборувам како некој наратив против Русија, туку против режимот и политиките на Русија кои се спроведуваат, вклучително и мешањето во суверенитетот на секоја држава, па и на нашата држава. Јасно е и од изјавите на рускиот амбасадор во Подгорица, но и од други претходни изјави и дејствија, дека за Русија не е интерес ниту Република Македонија, ниту земјите од регионот да се интегрираат во ЕУ“ посочи таа.

Петровска изјави дека ЕУ е сврзната точка на соработка помеѓу сите земји до Западен Балкан, а процесот на интеграција е долг и сложен. 

Русија реагираше кога Македонија донираше воена помош за Украина. Руските власти тврдеа дека Македонија греши. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Русија распиша потерница и за командантот на…

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа…