За само три месеци министрите потрошиле над 400 милиони евра – буџетскиот дефицит за 2026 речиси исполнет

t

Две третини од планираниот буџетски дефицити за годинава е исполнет и тоа само за три месеци. Заклучно со март министерствата потрошиле над 400 милиони од планираните речиси 640 милиони евра за оваа година. Ова значи дека до крајот на 2026 можат да се искористат уште 230 милиони евра. Со ваквата сликата за домашната каса во првиот квартал, се отвара прашањето колкава можност има државата да носи дополнителни мерки ако има потреба од тоа. Нивните уверувања се дека за сега состојбата не е алармантна.

Тоа се одлуки на министрите, кои што сметаат дека во првиот квартал треба да ги исплатат обврските нема да ги исплатат во вториот и третиот, ќе ги исплатат во првиот. Тоа се планирани расходи кои што тие одлучуваат како ќе ги исплатат. Но тоа не значи дека до крајот на годината тие ќе добиваат дополнителни пари на расходна страна, изјави министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска

За покривање на тековни трошоци се чека и заемот од 300 милиони евра, пари кои треба да стигнат. А најверојатно владата и повторно ќе се задолжува.

Доколку со ребалансот се констатира дека се потребни дополнителни средства повторно со ребаланс ќе биде направено поминато во собрание. Најверојатно оваа година ќе одиме повеќе на странски пазари, додава Димитриеска Кочоска

Од владата тврдат дека кризни мерки го чинат буџетот милиони, без да прецизираат за колкава сума станува збор. Во моментов за 4 денари е намалена акцизата за дизелот, очекувањата се дека за толку ќе се спушти и за бензините. Но, од друга страна ДДВ за дизел чија цена близу 90 денари е 18 отсто и за сега не се размислува да се спушти на 10 проценти. Се уште се преговора и со ОКТА дали компанијата ќе даде попуст до 3 денари и во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За само три месеци министрите потрошиле над…

Две третини од планираниот буџетски дефицити за…

Автобус прегази жена

На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР…

Повреден работник во каменолом во Куманово

Работник во каменолом во Куманово бил тешко…

Лажна дојавата за поставени бомби во повеќе…

Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството…

Инцидент во Гази Баба: фрлен молотов коктел…

На 28.04.2026 околу 11:40 часот во СВР…