ЗА СИТЕ ШТО СКЕНИРААТ СМЕТКИ: Еве кога се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“
До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.
– Тимот на УЈП, целосно е ангажиран, со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања, очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки, велат во УЈП.
Затоа, додаваат од УЈП, се прави дополнителна надградба на софтверот за да се овозможи напреден начин на скенирање, со што ќе се изедначат можностите на сите граѓани, без разлика каков телефон поседуваат.
– Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено бар код читачот кој го овозможува телефонот, појаснуваат од УЈП.
Оттаму информираат дека во август на граѓаните ќе им бидат исплатени средства од МојДДВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…