За францускиот предлог ќе гласаат мнозинство Албанци и останати, а малцинство Македонци, гарантира ли Уставот еднаквост?!

t

Математиката според досегашните изјаснувања на политичките партии во Македонија, во врска со франсуцкиот предлог, е е дноставна. За предлогот ќе гласаат мнозинство Албанци и пратеници од останати етнички заедници, а малцинство Македонци.

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Илија Димовски, на Фејсбук ја поставува дилемата дли Уставот гарантира еднаквост.

– Еве каква се бројките. СДСМ со коалициските партнери имаат 40 пратеници. Од нив деветмина се припадници на турската, ромската, српската, бошњачката и на албанската заедница). Значи остануваат 31 пратеник, Македонци. СДСМ и коалицијата се за францускиот предлог, исто како и ДУИ (15 пратеници), Алијанса за Албанците (8), Алтернатива (4), Беса (3) и ДПА (1).

Ова значи дека за францускиот предлог, ако се слушаат партиските директиви, од вкупно 71 пратеник од партиите и независните кои се изјасниле дека се позитивни во однос на предлогот на француското претседателство, „за“ ќе гласаат 40 пратеници (припадници на заедниците) и 30 пратеници Македонци. Од парламентарните партии ДОМ (еден пратеник), ДС (1) и ЛДП (2), кои се дел од владината коалиција, досега две (ДОМ и ДС) се изјаснија дека се против францускиот предлог.        

Ова е математиката, се разбира под претпоставка утре сите пратеници да бидат присутни во салата (што ретко се случува) и сите да гласаат според одлуките на партиските штабови (што често се случува).

„Не брзајте, застанете, размислете и седнете на маса. Ова прашање не се решава со гласање. Или сите ќе сме „за“ или немојте да надгласувате. Во една куќа и фамилија мора да има разбирање. Ако нема разбирање тогаш таа куќа и фамилија не е за нигде, ни за на гости ни за на свадба“, напиша на својот фејсбук Илија Димовски за оваа можна нова собраниска ситуација. Тој претходно го покрена прашањето за Бадентеровото мнозинство, а поставува и неколку прашања до лидерите на партиите на Албанците во Македонија.

„Прашања до пратениците Албанци во Собранието на Република Македонија… Дали со мнозинство гласови на пратеници Албанци и малцинство гласови на пратеници Македонци ќе се донесе одлука за прифаќање на францускиот предлог? Што ќе значи тоа за нарушување на идентитетските права (образование, историја, култура, одбележување на значајни личности и настани, симболи…) на Македонците во Македонија? Што ќе значи тоа за еднаквата правна заштита на сите граѓани во Република Македонија? Што ќе значи тоа за уставниот поредок во државата во иднина? Ќе се изгуби ли смислата на постоење на т.н. Бадентерово мнозинство ако тоа не гарантира заштита за сите граѓани? На овие  прашања пред се ќе треба да одговорат лидерите на партиите на Албанците во Македонија кои имаат свои пратеници во Собранието на Република Македонија, Али Ахмети, Зијадин Села, Африм Гаши, Билал Касами и Мендух Тачи. На овие прашања можеби ќе треба да одговорат и двајца пратеници Турци (двајцата од власта), двајца пратеници Срби (еден од власта, еден од опозицијата), еден пратеник Бошњак (власт) и еден пратеник Ром (власт)“, напиша Димовски.

Според Уставот на Република Македонија, Бадентеровото мнозинство е воведено кога на дневен ред се некои точки кои ги засегаат културните, јазичните, идентитетските и прашањата поврзани со образованието и симболите на помалите етнички заедници. Во тој случај мора да се обезбеди мнозинство од гласовите на пратениците кои не се Македонци за таквата одлука да се смета изгласана. Ова всушност значи дека Уставот на мнозинството Македонци во Собранието не му дозволува да донесе закон што се однесува на прашањата на образованието, јазикот, културата, симболите и слично на Албанците.

Во Уставот ваква обврска нема, за прашања кои би се однесувале на Македонците дека мора да се обезбеди мнозинство гласови од пратениците Македонци.

Затоа Димовски прашува: Дали Уставот гарантира еднаквост? Ако да, таа треба да се почитува. Дали ако во Собранието Албанците во мнозинство и Македонците во малцинство можат да носат одлука која се однесува на идентитетските прашања на Македонците, не би можело и обратно? Формално не, но овој преседан ќе создаде лоша собраниска пракса. Дали Уставот постои за да создаваме етнички соживот и разбирање или постои да го користиме и злоупотребуваме за да си ги нарушиме основните човекови права? Можно е според Устав да се нарушат правата, но тоа не е правилна насока за државата, а Уставот во своја суштина постои за да се заштитат човековите права од злоупотребите на која било политичка раководна елита.  Дали таквата одлука (на тема каде се тангираат македонските идентитетски прашања) евентуално донесена со мнозинство гласови Албанци и малцинство гласови Македонци ќе е формално правно исправна? Да, но ќе повлече прашања и дилеми за понатамошното уставно устројство на Република Македонија кои нема да бидат добри за никого, затоа што Уставот постои да ги заштити човековите права, а ако тие се загрозени тогаш Уставот или е злоупотребен или е недоволен. Дали одлуката за прифаќање на францускиот предлог Собранието може да ја толкува дека не задира во идентитетските прашања на Македонците? Да, но ќе излаже и тоа ќе го знаат сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност, а последиците ќе бидат уште полоши. Ако на некого му ограничиш права, а дополнително го лажеш и го правиш глуп, ќе ти биде многу повеќе лут“, вели Димовски.

Досегашните истражувања на јавното мислење покажаа дека огромното мнозинство од Македонците во Македонија не го поддржуваат францускиот предлог затоа што сакаат да си ги заштитат своите културни, јазични и историски карактеристики. Мнозинството, се разбира и натаму е за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80%…

Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ…

Конечните листи за пратеници на СДСМ ќе…

На конгрес во сабота СДСМ ќе ги…

Албанци избодеа две лица во Грција, 17-годишникот…

Тинејџер Албанец е уапсен од грчката полиција,…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

Пендаровски им одговори на Бугарите: Постоењето на…

Претседателот Стево Пендаровски смета дека е потребна…