За “Хелиум кафе” градската инцпекција констатирала узурпација на јавен простор!
За “Хелиум кафе” градската инцпекција констатирала узурпација на јавен простор, велат од политичката партија Левица.
– Од Одделението за комунална инспекција при Град Скопје, до советниците на Левица во Град Скопје, пристигна известување по вонредниот инспекциски надзор извшен на локацијата на “Хелиум кафе” во скопската населбата Ново Лисиче – во кое се констатира дека сопственикот Бобан Несторовски, спротивно на елаборатот поднесен во Град Скопје, узурпира јавна зелена површина.
Советниците на Левица, од секоја единица на локална самоуправа, водени се од единствени цели за заштита на јавниот интерес од дивеењето на поединци, блиски до големите партии. Затоа, праксата на следење и реагирање за овој и слични случаи ќе продолжи и во иднина, велат од Левица.

Претходно во близина на Хелум кафе се случи немил настан, односно после многу закани кон двајца од советниците на Левица во Аеродром, тие беа брутално претепани. Како што кажаа тогаш од Левица, нападот го нарачал и организирал сопственикот на Хелиум кафе, Бобан Несторовски.
Инаку Несторовски е братучед на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот Скопје, Марија Андоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…