За црвени таблички, Антикорупциска регистрирала 1.916 кандидати

t

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и правни лица што располагаат со државен капитал, доставен до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се евидентирани вкупно 1.916 возила.

Институциите биле должни најдоцна до 18 август да достават податоци за бројот, марката, годината на производство, регистарските броеви и возната состојба на возилата со кои располагаат.

Од ДКСК потсетуваат дека доколку правните лица не ги достават податоците во рок, се покренува прекршочна постапка во период од 15 дена.

Целта на евиденцијата е јасно да се утврди бројот и состојбата на службените автомобили и да се спречи нивна злоупотреба во изборни кампањи.

Паралелно, Владата донесе одлука сите службени возила до 15 септември 2025 година да добијат специјални црвени регистарски таблички, што треба да овозможи поголема транспарентност и јавна контрола.

Дополнително, ќе биде воспоставен и специјален регистар на државните автомобили, преку кој ќе се следи местоположбата и користењето на секое службено возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За црвени таблички, Антикорупциска регистрирала 1.916 кандидати

Во Регистарот на возила на државни органи,…

За претседател на ДКСК се пријавиле тројца…

Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за…

Мојсоска: Просветна испекција не смее да влезе…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…

ДКСК ќе бара одговорност за управители на…

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска е…

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, во чиј…