За четири дена се уапсени 50 лица, поднесени 58 кривични пријави, а процесуирани 111 лица во Белград!

t

Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ за РТС изјави дека за четири дена се уапсени 50 лица, тројца се во бегство, а поднесени се 58 кривични пријави, вкупно 111 лица се процесуирани. Не може да се гони во реално време случај за корупција, истакна Стефановиќ, одговарајќи на прашањето зошто дури сега се покренати некои истраги.

По рочиштето, Вишото јавно обвинителство покрена истрага против 22 лица поради сомнение дека со проневера со семенска пченица ја оштетиле Републичката управа за стокови резерви и преку криптовалути прибавиле имотна корист од речиси два милиони евра.

Побаран е притвор за осум осомничени и куќен притвор за еден. Три лица меѓу кои и контроверзниот бизнисмен Владимир Врбашки се уште се во бегство, па се распишува потерница. Околу сто осомничени се уапсени поради проневера, затајување, злоупотреба на овластување во различни акции во претходните денови.

Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, за РТС изјави дека за четири дена се уапсени 50 лица, тројца се во бегство, а поднесени се 58 кривични пријави, а кривично се гонети 111 лица.

Според него, горенаведените осомничени се товарат за поголем број кривични пријави како злоупотреба на одговорно лице, злоупотреба на службената положба, издадена е истражна наредба против 68 лица за перење пари, примање и давање поткуп, тргување со влијание и други дела од корупцискиот сегмент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…