Објавено на:

За што се подготвува Србија: Наскоро предлози за модел за обврзен воен рок

t

Министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ денеска изјави дека во следните две недели ресорното министерство ќе му предложи на претседателот Александар Вучиќ модели според за задолжителен воен рок, по што ќе следи подолга јавна расправа по која ќе се донесе одлука дали ќе биде задолжителна воената служба.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Стефановиќ рече дека темата за задолжителен воен рок веќе извесно време се разговара со експерти – како во Министерството за одбрана и во армијата, така и со оние кои се заинтересирани да се вклучат во тој процес.

„Сакаме кога ќе му дадеме предлог на претседателот Вучиќ и кога ќе предложиме модел што го сметаме за најцелисходен, тоа да биде нешто што ќе одговара на Србија и нејзината одбрана, но и млади луѓе кои ќе дојдат воен рок“, изјави Стефановиќ за телевизијата Еуроњуз.

Стефановиќ додаде дека новото покренување на расправата за воениот рок не треба да се поврзува со настаните кои се „моментално актуелни“, јави Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

(Видео) Почина бебето кое со царски рез…

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако…

„Не е законски да не е осигурана…

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека…