За 10 години 6500 граѓани на Албанија се откажале од државјанство
Стапката на иселување на албанските државјани во земјите на Европската унија е забрзана во последните години за што сведочи зголемениот број дозволи за престој што ги даваат земјите на ЕУ, покажуваат податоците на европската агенција „Евростат“.
Минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој по првпат добиле 79.200 албански државјани, што е за 4200 дозволи повеќе споредено со претходната година, кога биле издадени 75 илјади. Ова се највисоките нивоа од 2010 година, што укажува на забрзување на стапките на миграција по пандемијата со Ковид-19, објавија албанските медиуми.
Според „Евростат“ во 2022 и 2023 година, за првпат ваков документ добиле вкупно 154 илјади Албанци, бидејќи голем дел од нив имале договори за работа, особено во земји како Германија, што услови издавањето дозволи да биде побрзо од порано, кога албанските граѓани влегуваа во земјите на ЕУ без документи.
Од 2008 година, од кога Евростат ги објавува овие податоци, околу 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој. Главни дестинации и понатаму остануваат Грција и Италија, но во последните години има раст од нови дестинации како Велика Британија и Германија, наведуваат медиумите.
Како што претходно објавија медиумите, се зголемува и бојот на оние кои се откажуваат од албанско државјанство. Според албанското министерството за внатрешни работи минатата година од државјанство се откажале 900 граѓани што за 6 отсто повеќе споредено со претходната година.
Статистиката на МВР покажува дека во изминатите 10 години, од државјанството се откажале 6.500 додека, додека според „Евростат“ за две децении дури 521 илјади албански граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…