За 22 грама марихуана, двајца драчевчани заработија обвинение

t

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против двајца 33-годишни гостиварци за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По спроведена истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека двајцата обвинети соизвршители на 31.12.2021 година од непознати лица од населбата Драчево во Скопје купиле наркотична дрога – марихуана со намера да ја препродадат во Гостивар. При контрола на наплатната рампа кај Гостивар во нивното возило биле пронајдени 22,94 грама марихуана.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за еден од обвинетите, додека другиот обвинет веќе се наоѓа на издржување на затворска казна за друго кривично дело.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…

Недостиг од речиси осум тони сув цвет…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…