За 24 часа горело на 20 места низ Македонија: Четири пожари се активни, шест се под контрола

t

На ден 02.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 6 се под контрола, а 10 пожари се изгаснати.

Активни пожари:
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, кај месноста Кајорец, на врвот (борова шума);
Општина Зелениково: помеѓу селата Цветово и Горно Количани (нискостеблеста шума).

Пожари под контрола:
Општина Македонски Брод: селата Битово, Заград и Страјане (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица (ниска вегетација и шума);
Општина Делчево: Градска депонија Острец (депонија);
Општина Штип: помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица (ниска вегетација);
Општина Струга: помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума).

Изгаснати пожари:
Општина Ресен: м.в. Макази, во близина на с. Подмочани (ниска вегетација);
Општина Кичево: место викано Дардара, с. Тајмиште (ниска вегетација и мешана шума);
Општина Чешиново-Облешево: помеѓу селата Облешево и Теранци (ниска вегетација);
Општина Чашка: с. Теово (ниска вегетација);
Општина Демир Капија: под мостот на автопатот (бали со сено);
Општина Старо Нагоричане: Старо Нагоричане (електрична бандера и ниска вегетација);
Општина Куманово: Рајкова Куќа (ниска вегетација);
Општина Теарце: с. Пршовце (нискостеблеста вегетација);
Општина Боговиње: кај „Нептун Петрол“ (ниска вегетација);
Општина Струмица: Ново Село (депонија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…