За 32 проценти зголемен бројот на хоспитализирани од коронавирус, директорката на Инфективна порачува да бидеме одговорни
Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со КОВИД-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус.
Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во изјава за МИА вели дека во изминативе години научивме дека КОВИД-19 не е болест што лесно може да се предвиди и од таа причина мора да се почитуваат мерките за заштита како и претходно.
– Без разлика што бројките не се такви какви што беа, не смееме да си дозволиме да не се заштитиме. Не е поентата да се плашиме и да паничиме, туку да се грижиме и да бидеме одговорни, порача д-р Стевановиќ.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје во моментов има пет до шест хоспитализирани пациенти, додека во амбулантата дневно доаѓаат околу десеттина пациенти.
Директорката на Клиниката за инфективни болести вели дека дијагностички, ковидот и грипот имаат слични симптоми во дадениот момент, како покачена температура, сериозна главоболка, омалаксаност и од таа причина бараат пациентите да се тестираат.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 21 до 27 ноември 2022 година регистрирани се 174 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се две починати лица во изминатата недела. Се работи за едно лице од Скопје и едно лице од Куманово, со коморбидитети и починати во болнички услови. Во моментов активни се 172 случаи.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани вкупно 33 лица, со 32 проценти зголемување во споредба со претходната недела, од нив шест се на кислородна поддршка и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски објави фотографија со Трамп: „Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на која…
Трамп се закани со жесток удар врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со…
Се подготвува ли напад: САД испраќаат уште…
Соединетите Американски Држави дополнително го засилуваат своето…
Мисајловски: Не може по било која цена…
Често пати на состаноците во НАТО кажувам…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…