За 8-ми Март градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Декларација за унапредување на женското претприемништво
Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво потпишаа денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставничките од Националната платформа за женско претприемништво.
Со овој документ се демонстрира заложбата за подигнување на свеста и креирање на политики во кои се поттикнува женското претприемништво, пред се’ на локално ниво.
Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска, заедно со Татјана Гогоска и Елена Блажевска од истата институција, Викторија Митрикеска како координатор за Скопски Плански регион и Мими Шушлеска Петкова од Сојузот на стопански комори, на средбата со градоначалникот на кој присуствуваше и Татјана Нанкова, како координатор на советничката група за еднакви можности од Советот на Општина Кисела Вода, дискутираа за создавањето на поволно деловно опкружување и обезбедувањето на поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените.
Ова пак, треба да донесе кон развој на постојните и креирање на нови претпријатија и нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.
-Обезбедувањето на системска поддршка за развој на женското претприемништво и креирање на структура за негова поддршка е цел кон која се стремам и ќе се стремам во сите мои проекти, бидејќи сметам дека e и потребно и корисно да се овозможи поголемо учество на жените во процесот на одлучување. Со ваквото делување, покажуваме дека нашите заложби не се само декларативни, а посакувањето на убави желби и рамноправност за 8-ми Март не се само празни флоскули, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по потпишувањето на Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…