Збогум сиромаштијо: Почна исплатата за скенираните сметки

t

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека почнала исплатата на средствата за МојДДВ, односно првото тримесечје од 2025 година.

„За првото тримесечје од 2025 година кон 496.531 корисници на апликацијата МојДДВ ќе се исплатат вкупно 790,5 милиони денари. До денес, исплатени се 240 милиони денари кон 152.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ“, велат од УЈП.

Според нив, моментално 4.724 корисници кои скенирале фискални сметки имаат наведено погрешна трансакциска сметка и поради таа причина УЈП не е во можност да го реализира повратот.

„Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ“, велат од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…

Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…

Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…