Зголемен бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во земјава
Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица, се вели во соопштението на Комисијата за заразни болести.
За потсетување вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста. На состанокот, комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа. За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид. Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти, истакнуваат од Комисијата.
Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки, додаваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ирански медиуми неколку часа пред инцидентот предупредиле…
Само неколку часа пред денешниот сериозен авијациски…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни…
Министерот за животна средина и просторно планирање,…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…