Зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција

t

Во периодот од 18 до 24 декември во Грција е регистрирани зголемен број на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица, но и на починати, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), а Министерството за здравство упатува силна препорака за носење маски во здравствените установи и вакцинација на лицата над 60 години, јави дописничката на МИА од Атина.

Според неделниот извештај на ЕОДИ, починале 62 лица на возраст од 39 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири седмици, хоспитализирани биле 1.496 лица, за 37 отсто повеќе од просекот, а единствено намалување во споредба со минатата седмица има кај пациентите приклучени на апарати.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на минатата седмица, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно.

Во однос на подваријантите присутни во Грција, доминантна е EG.5 (Ерис) со 33 отсто, следи XBB.1.5 (Кракен) со 29 проценти и подваријантата ΒΑ.2.86 со 22 отсто, а потврдени се и вкупно 102 случај на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA.2.86.

Поради драстично зголемениот број заразени со Ковид-19, Комисијата на епидемиолози вчера одржа вонреден состанок, а попладнево Министерството за здравство соопшти дека во последните две седмици е „забележана зголемена циркулација на вирусот SARS COV-2, како и на други респираторни вируси“ и затоа излегоа со конкретни, како што велат, силни препораки.

Препорачуваат лицата над 60 години и лицата со здравствени проблеми што е можно поскоро да се вакцинираат со ажурираната вакцина за Ковид; да се користи заштитна маска во сите здравствените установи, како и во домовите за грижа на стари лица, но и да се почитуваат мерките за спречување на вирусните респираторни инфекции: хигиена на рацете, проветрување на затворени простори, изолација по симптоми и употреба на маска во простори со гужви.

Доплнително, упатуваат апел до граѓаните да ги спроведуваат превентивни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Грчкиот МНР: Грција нема да гласа за…

Грција следниот месец ќе се воздржи од…

(Видео) Силно невреме, поплави и прекини на…

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса,…